Шефот на македомнската дипломатија Бујар Османи е оптимист дека 2030 година е реална можност за Македонија и Албанија заедно да станат полноправни членки на ЕУ.
Тој денеска имаше средба со министерката за надворешни работи на Албанија Ољта Џачка на која, како што пренесуваат медиуми, се согласиле дека двете земји споделуваат исти стратешки надворешнополитички приоритети.
„Сојузници во НАТО, со 100% хармонизација на својата надворешна политика со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ“, рече министерот Бујар Османи на заедничката прес конференција со Џачка.
„Заеднички поминуваме низ скрининг процесот, ги спроведуваме внатрешните реформи и одлучно чекориме кон полноправно членство во ЕУ. 2030-та година е реална и дофатлива можност за двете земји да го заокружиме овој процес и јас лично верувам во тоа.







