Министерот за надворешни работи , Бујар Османи, вели дека Левица „не се македонска партија“, туку партија во функција на руската пропаганда за да го свртат македонскиот народ против ЕУ и САД.
Повод за ваквата „оценка“ се најавите од Левица дека ќе поднесе нова иницијатива за распишување референдум.
Кривична за Талат Џафери од „Левица“
„Мислам дека на државата нема да и направат многу штета затоа што има поширок консензус за правците по кои таа се движи, но на народот што го претставуваат може да му направат многу штета обидувајќи се да го свртат против вредностите што ние ги споделуваме.
Не треба да паднеме на таа пропаганда која делумно е стимулирана и финансирана и има многу лоши и зли намери, прво кон сопствениот народ, а потоа и кон другите граѓани и кон државата“, рече Османи.







