Сè додека немавме Договор за пријателство и добрососедство меѓу двете земји, немавме успех во историските, политичките или економските прашања, оцени денеска шефот на македонската дипломатија Бујар Османи кој во Софија имаше средби со бугарскиот премиер Бојко Борисов и со вицепремиерката и министерка за надворешни, Екатерина Захариева.
Според Османи, како што пренесе БГНЕС, овие три години ги даваат првите резултати од овој договор, како на полето на покривање на одредени историски личности и настани, така и на полето на економијата и политичките односи…
„Политиката и општетство мора да погледнат во очи очите на сите факти од минатото. Науката мора да ги расветли, и доколку е потребно, ќе ги прифатиме.
„Ова е моментот кога сакаме да докажеме дека нема да турнеме ништо под тепих. Ќе зборуваме за сè отворено, колку и да е болно и непопуларно, бидејќи работиме за идните генерации “, изјави Бујар Османи, јави БГНЕС.






