Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе има средба со новиот специјален претставник на Владата на Република Северна Македонија за Република Бугарија, Владо Бучковски, јави МИА.
По заедничката средба, Османи и специјалниот претставник Бучковски во 14:00 часот ќе дадат изјави за медиумите.
Владата на вчерашната седница го именува Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија.




