Османи како Пендаровски и Шекеринска: Има Грција, нема Македонија во твитот за средбата со Мицотакис

Хет-трик во игнорирањето на името на сопствената земја од висок државен функционер на Македонија во објава на Твитер за средба со Грк во три дена – по претседателот Стево Пендаровски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, се „истакна“ и шефот на дипломатијата Бујар Османи.



„Заокружување на мојата посета на Грција со плодна дискусија со премиерот. Реафирмирана важноста на односот (знаме на Македонија) (знаме на Грција) и на посветеноста за целосно спроведување на Договорот за стратешко партнерство. Со нетрпение очекуваме да ја прошириме нашата соработка во сите области од заеднички интерес“, твитна Османи по средбата со Кирјакос Мицотакис во Атина.