Османи ја одложи посетата на Турција поради пожарите во Анталија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја одложи официјална посета на Анкара, соопшти Министерството за надворешни работи.



Причина, силните пожари кои се проширија во регионот на Анталија.

Министерството за надворешни работи, со загриженост ја следи ситуацијата со пожарите на територијата на пријателска Турција со поддршка за тековната масовна противпожарна акција, што поскоро да успее да ја стави состојбата под контрола.