Османи ја брани „шегата“ на Рама: Можам само да му се заблагодарам

„Премиерот Рама беше многу остар кон бугарската делегација во Солун, до толку што и тие се вознемирија, посебно кон прашањето за Македонија велејќи дека ова што го прави Бугарија е голем срам“, коментираше министерот за надворешни Бујар Османи.



Тој, во емисијата Клик плус на ТВ21 на „шегата“ на албанскиот премиер Еди Рама, кога на самитот на ПСЈИЕ во Солун викендов, рече дека Димитар Ковачевски е премиер на „идна Западна Бугарија“..

Според Османи, пред да ја каже таа шега, Рама жестоко ја бранел земјава.

„Секако дека и Албанија е жртва на ова, но ви кажувам дека Рама беше отворен во неговите критики, фактички тој кажуваше нешто што ние не можеме поради одржување на процесот жив.

Рама не е должен толку силно да ги поддржува нашите ставови, а тоа сите што беа таму го видоа, затоа мислам дека оваа критика кон него е бесмислена и некоректна. Секој кој ја следел неколку часовната дебата внатре ќе знае која беше целта на тој сарказам. Јас можам во името на Владата само да се заблагодарам за силната поддршка која таму ни ја даде премиерот Рама“, вели Османи.