Османи: Иницијативата за Резолуција за Бугарија во Собранието е штетна за државата

„Демократската унија за интеграција ја гледа иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за Резолуција за Бугарија како обид да се добијат политички поени во пресрет на локалните избори“, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во изјава за Алсат ТВ.



Министерот додава дека е несериозно државните интереси да се ставаат во функција на избори.

„Тоа им штети на интересите на државата и сите граѓани“ , рече меѓу другото Османи.