Вицепремиерот Бујар Османи во неделното интервју на Радио Слободна Европа изјави дека има простор да им се прости на луѓе кои се колатерална штета на една погрешна кауза, за настаните на 27 април во Собранието.



Но, дека тој процест ќе биде во консултација со меѓународни партнери.

„Помирувањето не значи помилување, не значи амнестија како што беше сфатено. Обврска на премиерот е да ја покрене, да ја лансира идејата дека државата има потреба од помирување и ајде да ги видиме примерите, какви примери има во светот, коишто можат да бидат добра пракса, а ние можеме да ја имплементираме“.

На прашањето на РСЕ дали тоа значи дека ќе има простор на обвинетите пратеници да им биде простено, Османи вели:

„Нека се разговара, доколку има такви моменти кои се колатерална штета на една погрешна кауза, а за тоа биле несвесни во моментот кога тоа се случило, а има таква пракса во светот, да го разгледаме и да видиме и се разбира дека тоа ќе биде во консултација на нашите меѓународни партнери“.

Целото инртервју нас следниот линк.