Министерот за надворешни работи Бујар Османи на вчерашната прва средба со бугарската колешка Марија Габриел го пренел неговото „чувство“ дека во Македонија и во Бугарија постојат политичари кои можеби и се координирани меѓу себе за да ги минираат односите.
„Зборувавме и за уставните измени, информирав до каде е процесот.
Кажав дека очигледно во двете земји постојат политичари кои можеби и се координирани меѓу себе за да ги минираат односите, бидејќи некако, изјавите премногу временски коинцидираат – како дава изјава некој порадикален бугарски политичар, веднаш нашите реагираат.
Немам докази и не е моја работа да најдам докази, но чувството ми е дека можеби веднаш си го препознаваат моментот за да профитираат политички и дека е важно барем официјалните претставници на државите да имаат позитивни пораки, почеста координација за полека да се создаде доверба, зашто кога има доверба, потоа се изгледа полесно“, рече Османи, кој со Габриел се сретна во рамки на годинашниот „Дубровник форум“.
Османи релче дека ова беше првата средба и „веројатно не може целосен впечаток да се добие за позициите на новото раководство.
Бугарски медиум: Скопје се надева на нови преговори сои Софија
Но, мислам дека за прва средба, беше коректна. Прво разговараме за потребата од интензвирање на политичката комуникација на сите нивоа. За жал, и секторската комуникација страдаше во овие политички динамики, разговаравме работните групи да се вратат во функција за редовно да се среќаваат, разговаравме за комуникацијата меѓу бизнисите и луѓето. Очигледно само политичките релации ги обременуваат сите други останати односи со Бугарија. Се договоривме и политичката комуникација да ја проодбриме, за да и помогнеме на севкупната комуникација“, рече Османи, одговорајќи на новинарски прашања.







