Османи: Или уставни измени или земјата влегува во изолација

Во однос на уставните измениа, министерот за надворешни работи вели дека тие не се контроверзни, ниту се ризични за некого и само ќе ја зацврстат нашата позиција како земја во којашто граѓаните и заедниците и ги имаат сите индивидуални и колективни права.



Тој вели дека на граѓаните треба да им се објасни дека имаме две опции:

„Првата опција е е дека никому нема да му фали влакно и државата ќе си го обезбеди европски пат и отворање на сите механизми на ЕУ за помош и напредок на државата.

Втората опција е инаетење поради непознати причини затоа што досега не видовме ниту еден аргумент од никого што е ризично во уставните измени“, рече министерот Бујар Османи во гостување во емисијата „Тринилнг“ што се емитува на Телевизија 24.

Османи појаснува зошто блокадата на процесите дома, ќе значи и блокада однадвор.

„ Имајќи ја предвид важноста и зависноста на земјата од европската интеграција мислам дека ќе настане една општествена и политичка криза каква што имаме видено претходно со блокадата на европскиот процес поради проблемот со името и можеме да влеземе во една ситуација на изолација во којашто ќе се отвораат некои прашања кои самиот европски процес ги субординира и тука не предвидувам добра динамика, внатрешна и регионална“, предупреди Османи во интервјуто.

Европската Унија прави сè за Северна Македонија, земјата постојано има поддршка од ЕУ за овој процес да продолжи што е видливо од ангажманот на секоја земја-членка поединечно, потенцираше Османи.

.