Вицепремиерот Бујар Османи и членот на Венецијанската комисија Тања Каракамишева отворија вербална војна преку социјалните мрежи за Законот за употребата на јазиците кој денеска ќе се разгледа Венецијанската комисија составена од претставници од околу 60 земји.



Венецијанската комисија забележува дека Законот за јазиците оди премногу далеку…дека многу од одредбите на Законот ги надминуваат европските стандарди дефинирани особено во Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици, но дека истото е за пофалба.

Тоа беше повод Османи и претставничката во Венецијанската комисија Тања Каракамишевапреку социјалните мрежи да разменат „мислења“.

Вицепремиерот  во реобјава на пост на Каракамишева коментира дека „лице со шовинистички погледи ја претставува нашата земја во Венецијанската комисија. Каков срам за државава и за комисијата“.

https://www.facebook.com/bujar.osmani.942/posts/1138824279654807

Каракамишева на својот Фејсбук профил му порача на вицепремиерот дека го чека во Венеција и дека водата е повлечена. Каракамишева го праша вицепремиерот чии интереси ќе брани.

„Пред седницата на Венецијанската комисија те предизвикувам да и одговориш на јавноста чии интереси ќе ги застапуваш денес? На сите нас или само на Албанците? Пред извесно време ме навреди дека сум шовинист…јас вчера на Поткомитетот зборував за доброто на Македонците и на сите малцинства во земјата, а ти денес, за чие добро ќе зборуваш? – напиша Каракамишева.