Министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска се сретнаа со белгискиот министер за надворешни работи, Дидие Рејндерс.
На средбата тие добиле јасни сигнали дека без разлика на тајмингот на одлуката првата фаза на преговорите со ЕУ ќе започне оваа година, јавува дописничката на МИА од Брисел.
За вицепремиерот Османи „нема дилема дека почнуваме оваа година“, односно со одржувањето на првата меѓувладина конференција во декември. Македонската Влада, сепак, инсистира одлуката од европска страна да се донесе во јуни или јули, пренесува МКД.Мк.





