Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека во делот на обврските за сообраќајните знаци кои призлегуваат од „преспанскиот договор“ Грција информирала дека е еменет еден еден знак.



Грција има во делот на одредени сообраќајни знаци, дури вчера не информираа дека еден знак го имаат сменето, и три договори коишто не се директно поврзани со Преспа, рече Османи, во гостување во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24, снимено пред неговото заминување на Минхенската безбедносна конференција.

„Стоеше,  Скопие, а сега е Скопје, од вчера мислам се сменети. Затоа што насоките се до градовите, а не до државите, такви се правилата на сообраќајните знаци. Но, отприлика тука сме во исполнувањето од двете страни„, вели Османи.

„Ние во 95 проценти ако можам да кажам сме ги исполниле нашите обврски.

Грција во својот суштински дел, а тоа е поддршка на НАТО и ЕУ интеграцијата, го има испочитувано, рече Османи.

Ние сме останале во неколку институции каде надлежноста не е на Владата, на пример МАНУ, МРТ и федерациите. Тоа е што е останато во нашиот дел.