Министерот Бујар Османи има разбирање за револтот на граѓаните од полицискиот час кој сега е воведен и за викенд, но вели дека другиот избор би бил – слободно движење и она што се случува во Италија и Шпанија со ширењето на пандемијата.



„Целосно го разбирам револтот. Има луѓе кои не можат да издржат, но друг избор нема“, рече Османи на синоќешното гостување во на ТВ21.

Османи вели дека најдобриот пристап би бил ако две недели се воведе 100 процентно ограничување на движењето. Значи, секој да се изолира од секој 14 дена, бидејќи тоа е најдобриот начин за спречување на ширењето на вирусот. Меѓутоа, дали е можно се да се затвори две недели? Многу тешко, бидејќи луѓето мора да се хранат, да се лекуваат, има и други функции кои не можат да се ограничат“, порача Османи.