Османи го честиташе денот кога Бугарија ја окупирала Македонија со Санстефанскиот договор

Шефот на дипломатијата Бујар Османи на својот бугарски колега Николај Милков му го честиташе националниот празник на Бугарија односно денот кога Бугарија ја окупирала Македонија со Санстефанскиот договор.



Со договорот од Сан Стефано издејствува бод Русија Бугарија ја добила територијата на денешна Макеоднија и со неа владеела се до Берлинскиот конгрес.

Бугарската влада се уште ја користи мапата од Санстефанска Бугарија како официјална мапа иако на неа се наоѓа и територијата на Македонија.

За Османи не е проблем што со овој однос Бугарија искажува територијални претензии кон Македонија и честита отворени државни аспирации од соседната земја.

,,Честитки за шефот на дипломатијата Николај #Милков за Националниот празник на Бугарија. Ви посакувам вам и на народот на Бугарија да продолжите со просперитет и успех. Убедени дека односите меѓу Македонија и Бугарија можат дополнително да се зајакнат, во духот на европските вредности и добрососедството”, им пишува Османи на Милков и бугарското МНР.