Османи гарантира: Мицкоски за името знае исто колку и Заев

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи тврди дека лидерот на опозицијата е редовно информиран за текот на преговорите за името од страна на владата.



„Опозицијата контиунирано е брифирана за сите текови. Можам да ви гарантирам дека не знам ниту еден детал повеќе од што знае Мицкоски, дури ни Заев не знае еден детал повеќе во однос на разговорите одошто знаат Иванов и Мицкоски.“ – изјави Османи на презентацијата на агендата 3-6-9.

Предходно Мицкоски во неколку наврати изјави дека единствените информации за името ги добива од медиумите.