Твитерџии веднаш реагираа откако вицепремиерот Бујар Османи постираше „обработена“ фотка во денешната објава на Твитер со која сакал да одбележи една година од посетата на Папата Франциско во Скопје со кој тогаш – се поздравил.
Од фотографијата ги избришал другите луѓе, со цел да покаже дека наводно сам се поздравува со Папата.
Но, по очигледно нестручно изведениот фотошоп, Османи доби три уши, пишува А1.ОН.






