Шефот на македонската дипломатија изјави дека Македонија не воведува визи за Косово, по вчерашната вест дека наводно то го побарале белгиските власти..



Белгија барала Македонија да воведе визи за Косово!?

„Тоа е грешка на Европската комисија, ставањето на Косово на листата на земји со коишто треба да има визен режим е пропуст којшто е увиден од страна на Европската комисија. Никогаш не е поминато низ телата на ЕК и тоа ќе биде ревидирано“, рече министерот Османи.

Османи посочи дека трендот не е воведување визи туку поинаков, да се минува границата со лични карти.

-Тоа е целосно контрадикторно со политиката на ЕК. Ние во рамки на Берлинскиот процес само што потпишавме договор шесте земји – членки за движење со лични карти во регионот, така што трендот е спротивен од воведување на визи. Ние сега не само со Косово, со БиХ, со Црна Гора, со Србија нема потреба ни пасош да вадиме, а целта е на крај целосно овој регион да влезе во рамки на слободното движење на граѓани, изјави Османи.