Портпаролот на партијата, Бујар Османи, на денешната прес-конференција, уште еднаш оцени дека е непринципиелна коалицијата СДСМ-БЕСА и тоа заради опстанок на политичката сцена.
Османи, сепак, не ја исклучи можноста од постизборна соработка со овие две партии.
Османи рече дека ДУИ сега е фокусирана на кампањата и дека политички калкулации ќе се прават по објавување на резултатите.
Според него, ДУИ е заштитник на трите клучни договори – Рамковниот, Преспанскиот и договорот со Бугарија.
За тезите дека ДУИ како коалиционен партнер во владите ги уценува политичките партии, Османи рече дека тие уценувале, но не за себе, туку за интересот на граѓаните, за да се задржи евроатлантскиот пат на земјава, пренесе „360 степени“.
Осмасни порача дека ДУИ сега е насочена кон граѓаните, а за коалиции ќе размислуваат по изборите.





