По вчерашната средба на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп вчер со Али Ахмети на која на лидерот на ДУИ му било предочено дека за Холандија е неприфатливо да има политичко влијание врз претседател на Врховниот суд, како и дека има постојан пад на владеењето на правото во изминатите две години, министерот Бујар Османи денеска со свое објаснување за пораките:



„Ова е продолжување на ставот на холандскиот амбасадор кој го кажа во неколку наврати, на многу интервјуа кон крајот на минатата година.

Веројатно ДУИ е еден од оние кои што најмногу зборува за борбата против корупција, па се разбира дека ќе се бара поддршка од ДУИ.

Во моите разговори со холандскиот амбасадор имаме две суштински, концептуални разлики.

Тој смета дека ние можеме да постигнеме европски стандард на владеење на право и без преговори со ЕУ.

Јас сметам дека ние не можеме да постигнеме европски стандард на владеење на право, без процес на преговори, тие два процеса се поврзани“, рече Османи.

За изјавата на холандскиот амбасадор, денеска се огласи и премиерот Димитар Ковачевски:

„Во ред е ставот на амбасадорот. Но, сметам дека ако има притисок, тој треба да се каже со име и презиме“, рече Ковачевски.