„Без да бидам нескромен би им кажал на другите партии да земаат малку да учат од ДУИ, од тоа како се прави демократија овде, преку широк консултативен процес, преку можност да се даде право секој да си го каже своето мислење па ако треба и јавно тоа да си го каже, бидејќи на тој начин најдобро институционално се канализира енергијата внатре“, изјави портпаролот на партијата Бујар Османи по денешната седница на Централмниотг совет на партијата во Тетово на кое беше избрано централното претседателство со 37 членови кое веќе почнува уште наредниот ден да функционира.



ДУИ неслучајно е најуспешната организација во регионот со 20 години консекутивни едно подруги победи на сите можни нивоа. Токму заради тоа што има лидер којшто може да ја одржи партијата жива, динамична и да ја адаптира на современите околности и има внатрешен капацитет да различните погледи ги става во функција на една синергична активност на партијата за да добие поддршка на избори“, рече Османи.

На новинарските прашања зошто не се разговараше за отчетноста на членовите кои се во извршната власт, Османи со одговор дека тоа се прави секојдневно.

Отчетноста е наша постојана задача. Ние отчетност даваме пред се пред вас, пред јавноста и тоа го правиме најредовно можно. Но, се разбира, имаме должност да бидеме отчетни и кон органите на партијата коишто не има предложено.

Сега се формира, т.е. денеска се формираше претседателството и очекувам до крајот на месецот да ја имаме и првата конститутивна средба. Се разбира, таму ако има интерес ќе ги претставиме уште еднаш“, истакна Османи, како што пренесе Сител.

За тоа дека состанокот кратко траеше, Османи рече дека е така со оглед дека долго е подготвуван.