Министерот за надворешни работи Бујар Османи објасни што се имаат договорено со бугарскиот колега Николај Милков при неговата овонеделна посета на Софија.
„Се договоривме веднаш да ги активираме секторските работни групи, и тимови од двете министерства ќе направат календар за состаноци на работните групи пет на број, кои ќе се состануваат еднаш месечно. За еден настан се договоривме со Милков, а следниот календар ќе го одработат календарот и ќе се утврди истиот. Се договоривме уште во понеделникот да одржиме бизнис форум со Бугарија тука во Скопје, и очекуваме голем број бизнисмени од Бугарија да дојдат во Скопје, тука ние комуницираме со нашите компании и комори. Прво да одбележиме 1 милијарда евра трговрска размена годинава, односно се очекува да биде 1 милијарда, а веќе сме 800 милиони. И дополнително да се фокусираме на трговската размена. Да се утврди календар за чествување на заедничките историски личности, тие пет кои ги утврдивме за заеднички историски личности. За една личност веќе е јасно а тоа е 24 мај во Рим се чествуваат Свети Кирил и Методиј, останува само за Св. Климент, Св. Наум и Самоил и ќе треба да се почнат разговорите“, изјави Османи.
Министерот за надворешни работи исто така разговарал и за културниот центар во Благоевград, и рече дека од Бугарија има позитивни сигнали.
„Раговаравме со културниот центар во Благоевград, има позитивен став, останува да видиме во кој период ќе бидеме подтотвени во целокупната процедура за да се отвори културниот центар во Благоевград“, рече Османи, кој објасни дека имал средба со лидерите на сите политички партии во Бугарија, освен со една.





