Провокациите кои доаѓаат од Бугарија се од профили кои се деструктивни за нивните општества. Тие не рефлектираат никаков позитивен имиџ за својата држава и за своето општество. Најдобро е да ги игнорираме и да не им даваме многу тежина на таквите луѓе, порача денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Според Османи, не треба да ги охрабруваме провокаторите бидејќи на тој начин ќе станат уште посилни во Бугарија. Тој смета дека од таквите профили воопшто не треба да се навредуваме.

„Ова што се случува, провокациите од типот „член на историска Комисија рекол нешто за нашата држава“, ние не можеме да ставиме ограда и да ги спречиме луѓето да зборуваат, да провоцираат.
Меѓутоа, важно е дали ќе им дозволиме тие да го водат орото.
Мислам дека полека им ја преземаме агендата на провокаторите, на тие што сакаат лоши односи“, рече Османи на брифингот, во одговор на новинарско прашање за актуелните провокации од Бугарија.







