Османи: Без уставните измени, стануваме земја со отворени прашања

Шефот на македонската дипломатија вели дека противниците на уставните измени се всушност поддржувачи на идеите на бугарските радикали дека европската перспектива на државата треба да се сведе на билатерални односи со Република Бугарија.



Ковачевски ја прозива опозицијата за уставни измени, Радев вели – тоа не е доволно

Министерот Османи вели дека уставните измени се факторот што ќе утврди во која група ќе припаѓаме и затоа, како што рече, одговорноста на секој пратеник е толку голема.

Радев: Не е само промената на Уставот услов за Македонија во ЕУ

„Ако ги завршиме уставните измени, ние влегуваме во групата што очекуваат во наредните години да станат земји членки на ЕУ. Одлука за тоа веќе има во ЕУ..

Ако не ги решиме уставните измени, ние влегуваме во групата на земји кои што имаат отворени прашања и тогаш ни се враќаат Договорот со Бугарија, Протоколот и општо односите со Бугарија, историските прашања…“ вели Османи.

Токму поради тоа, Османи рече дека е оптимист, и дека мисли дека „никој од пратениците нема да се осуди неговото име да се запише во историјата како луѓе, кои што ја ставиле земјата во група на земји со отворени прашања“.

Од првенец во генерација, во група на земји кои што ќе мора да решаваат отворени прашања“, изјави Османи.

За спроведувањето на Протоколот со Бугарија, Османи рече дека „се одвива во рамки на предвидената динамика“.