Османи бара историчарите да не се мешаат во политиката

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека политичарите никогаш нема да реагираат на изјавите на членовите од мешовитата комисија меѓу Македонија и Бугарија.



„Никогаш не реагираме за нивни коментари по однос на историските прашања, тоа што е нивна надлежност бидејќи основниот принцип на овој однос е политиката на политичаите, историјата на историчарите“, порача Османи.

Според него, тие не смеат да се мешаат во политичките работи.

Замрзнувањето на улогата на Комисијата за историски прашања е минирање на Договорот за добрососедство. Тоа е веќе политичко прашање. Тоа не е содржинско прашање на нивната работа“, истакна Османи.