Османи: Амбасадорот Сашко Тодоровски предвреме вратен од Прага поради нерегуларности

На македонскиот амбасадор во Прага, Сашко Тодоровски му бил скратен мандатот и тој предвреме е вратен во Македонија, информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи на онлајн брифинг со новинарите – пренесе Слободен печат.



Според Османи, Тодоровски е вратен заради слабости и нерегуларности во работењето.

– Имаше констатирани нерегуларности во неговата работа, нефункционалност, лажно претставување на сопругата како културно аташе, непочитување на инструкциите од страна на МНР, и тоа е подолг процес. Процедурата за неговото враќање трае повеќе месеци, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање.

Амбасадорскиот мандат во Прага му почна во март 2021 година.