Глин Симонс (70) кој во 1975 година беше осуден за убиство во грабеж во продавница за алкохол, беше ослободен пред судот во вторникот, откако помина повеќе од 48 години во затвор, соопштија властите.



Се смета дека тоа е најдолгото време што го отслужил погрешно осуден затвореник во Соединетите Држави, според Националниот регистар кој ја следи должината на казните за погрешни пресуди.

Според регистарот Симонс поминал зад решетки – 48 години, еден месец и 18 дена – повеќе од било кој друг ослободен од погрешно обвинение.

„Тоа е лекција за издржливост и истрајност“, рече Симонс за неговиот случај за време на прес-конференцијата по пресудата.

„Не дозволувајте никој да ви каже дека тоа не може да се случи, бидејќи навистина може“, пренесе Њујорк Тајмс

Симонс имал 22 години кога беше осуден за убиство од прв степен во грабеж во продавница за алкохол што се случи во Едмонд, Окла., во декември 1974 година.