Ослободен осомничениот од Ваксинце кој „дома“ криел 81 мигрант

По вчерашната акција во липковското село Ваксинце, каде беа пронајдени 81 мигрант од Блискиот исток во помочна просторија во двор на извесен Наим Алили, тој како првоосомничен за шверц со мигранти, бил пуштен на слобода, дознава пишува АЛСАТ М.



Од Обвинителството кратко велат дека истрагата е во тек и дека се очекуваат мерки, не отфрлајќи ја можноста дека станува збор за поголема мрежа на трговци со луѓе…