Македонскиот филм Медена земја не успеа да стане добитник на Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.
Оскарот замина кај екипата на филмот Паразит од Јужна Кореја.
Во конкуренција за најдобар странски филм номинирани беа и „Корпус кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција, „Болка и слава“ од Шпанија.
Предходно Македонија не успеа да го добие првиот Оскар во категоријата најдобар документарен филм.
Покрај победникот „Американска фабрика меѓу номинираните за најдобар документарец покрај „Медена земја“ беа „Пештерата“, „Доба на демократија“ и „За Сама“.
И покрај тоа што не освои Оскар екипата на Медена земја направи историски успех со две номинации на најзначајната светска филмска академија.






