Вчера „Аџибадем Систина“ се стави на на располагање на Владата и граѓаните со цел успешно справување со коронавирусот, а денес „Орка Холдинг“ соопшти дека обезбедуваат и 150 соби за изолација, комплетно опремени со медицинска опрема и апарати на располагање на Министерството за здравство.



„Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“ соопштуваат дека од утре го ставаат на располагање на Министерството за здравство целосниот капацитет на Хотелот Ibis Styles (поранешната болница Мала Богородица – Систина).

„Хотелот комплетно ќе биде пренаменет во Центар за изолација на сомнителни лица на вирусот Ковид-19 на кои им е определен 14 дневен изолационен период (карантин) од надлежните здравствени институции. Дополнително ќе биде обезбеден медицински тим од „Аџибадем Систина“ заедно со сета друга неопходна медицинска поддршка. Сите трошоци околу нивниот престој ќе бидат покриени од „Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“, стои во соопштението.

https://www.facebook.com/acibademsistinahospital/posts/3732663820109529