Оризопроизводителите се огорчени на власта поради неисполнувањето на ветувањата дадено пред години во предозборието. Тие се категорични дека бараат 25 денари за килограм арпа и 50 денари за белиот ориз, како што им било ветено
„Во 2017 рекоа дека штом ќе дојдеме на власт оризовата арпа ќе се откупува по 25 ден., а белиот по 50денари. Уште еднаш апелирам, премиерот и министерот да дојдат и да му објаснат на овој народ! Заев лаже! Министерот лаже! Николовски лаже! Тие со лага дојдоа на власт„-изјави Здравко Арсов од Иницијативниот одбор.
За две недели ќе стартува новата жетва, а амбарите се полни со ориз од минатогодшната реколта. Доколку власта и понатаму остане глува, оризопроизводителите се заканија со граѓанска непослушност.
„На гласање нема да излеземе ниту да се попишеме. Ние ќе се попишеме како робови. Ние сме робови во сопствената држава“ – изјави Здравко Арсов.
Оризопроизводителите најавија дека ќе останат на барикадите се до исполнување на нивните барања, но поради големиот притисок се повлекоа. Нов протест закажаа за наредниот вторник.






