Ориѓански: Заев ќе победи на линијата на неговата сопруга

Музичарот кој беше дел од последните две кампањи на СДСМ Златко Ориѓански предвидува дека премиерот Заев ќе победел затоа што ја следи линијата на неговата сопруга Зорица.



Ориѓански кого владата го назначи за директор на Македонскиот Културен Центар во Тирана ваквиот заклучок го објавува по средбата со сопругата на премиерот.

“Вчера, пиеме кафе со жената на сегашниот премиер, нема обезбедување, нема келнери кои стојат како смрзнати, чекам 15 минути чаша виски, ништо не е напнато, жената е природна и човечна, без занесување. Таа е линијата на која ке победи нејзиниот маж.
Луѓето низ помалите градови во Мкд, се уште содржат во себе, некоја наша типична питомост и човечност, каква што Скопје веке нема”, пишува Ориѓански за сопругата на премиерот.

Музичарот не открива во што ќе победи Заев со неговата сопруга.