Музичарот Златко Ориѓански ги обвини организаторите на петицијата против именување на Бени Шаќири за директор на МКЦ дека лажеле за дел од потписите односно дека фалсификувале некои од нив.
Ориѓански открива дека на петицијата не се потпишал режисерот Слободан Унковски иако неговото име фигурира на листата која организаторите на петицијата ја доставија до медиумите.
“Слободан Унковски не е потписник на петицијата за МКЦ!!! Лажговци!”, напиша Ориѓански во врска со поддршката на режисерот на иницијативата.
Ориѓански во неколку наврати пишувал музика за претстави на Унковски а важи за близок соработник на Бени Шаќири со кого настапуваат и во предизборни кампањи за СДСМ.
На петицијата за неменување на директорот на МКЦ покрај независни уметници се потпишале и врвни актери, режисери и други видови уметници и активисти како Владимир Милчин, писателката Лидија Димовска или Вера Милошевска од Љубојна.





