Ориѓански: Ќосето наспроти вештачка интелигенција, 1903. наспроти 2023. Каков устав, бре, луѓе, какви бакрачи!

Директорот на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Тирана, Златко Ориѓански, не разбира како луѓето не разбираат дека на 1.000 км од „Нашата земја“ се води војна, а тие се фатиле за – Уставот.



„Луѓе Божји, нов свет се отвора пред нас. Ќосето наспроти вештачка интелигенција, 1903. наспроти 2023., брзо, брзо мора да знаеме каде се наоѓаме и што сакаме. 1.000 км далеку од нас се води цивилизациска војна, светов и неговиот опстанок е доведен во прашање. Како ова сè уште не го разбирате, просто несфатливо, каков устав бре луѓе, какви бакрачи“, не може да се изначуди композиторот и поранешен член на групата „Анастасија“.