Орден од Радев за француската амабасадорка во Софија

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, ја одликуваше со орден амбасадорката на Француската Република во Бугарија, Флоренс Робин за големите заслуги на дипломатијата за зајакнување и развој на бугарско-француските односи, објавија бугарските медиуми.



„Амбасадорката Флоренс Робин значително придонесе за разјаснување на проблемите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија и бугарската позиција пред француските институции и експерти. Згора на тоа, таа отворено ги сподели и ги бранеше своите позиции во време кога не сите наши европски партнери и експерти од Брисел ја сфатија длабочината на овие проблеми и не успеаја да навлезат во целата сложеност на загатката на политичките односи овде“ стои во образложението.

Робин изразила благодарност до бугарското Министерство за надворешни работи.

„Мислам и на работата што ја направивме заедно за време на француското претседателство, особено во однос на прашањето за Северна Македонија“, рекла таа.