Ордановски: „Тенок е овој мраз по кој цапа Заев“

…не добиеме ли датум за преговори со ЕУ, распуштање на оваа Влада и вонредни избори, веќе на есен, се единствената логична стратегија за натамошна консолидација на постигнатите успеси на оваа власт“, оценува новинарот Сашо Ордановски во колумна во „Слободен печат“



Па, на вонредните избори – ком обојци, ком опанци! На тие избори гласачите ќе треба да решат: сакаат ли продолжување или пропаст на сегашната македонска варијанта на Вајмарската Република, откако, историски парадоксално, овдека „палењето на Рахстагот“ не им успеа на недемократските сили во април 2017 година?

Тенок е овој „мраз“ по кој цапа Заев, но не можам да најдам грешка во таа, по малку очајничка, логика, заснована врз можната одлука на Европскиот совет на Унијата да не ни додели датум за отворање на преговорите“- пишува Ордановски.