Долгогодишниот новинар и аналитичар Сашо Ордановски кој важи за близок на СДСМ и на левицата во интервју за Канал 5 анализира дека неспособноста на власта на Ковачевски и Ахмети има епохални размери.
Тој за пример на епохална неспособност на власта го зема случајот Бехтел и Енка кој наместо да биде проект со кој власта ќе добива поени на избори, се претвори во скандал кој е една од причините за губење на гласови за СДСМ и ДУИ.
Според Ордановски кој беше водител на емисија во телевизијата 1ТВ на Боки 13 ВМРО-ДПМНЕ легитимно одбива да прифати уставни избори надевајќи се дека кога ќе дојде на власт ќе води преговори со ЕУ.
Целото интервју со Ордановски на овој линк





