Унгарскиот премиер Виктор Орбан јасно стави до знаење при пристигнувањето на високиот самит на ЕУ денеска дека ќе ги блокира преговорите за пристап во ЕУ со Украина, цврсто спротивставувајќи се на ставовите на другите водачи на ЕУ, пренесе Ројтерс.



Орбан ја блокира и 50 милијарди евра предвидена финансиска помош за Киев од буџетот на ЕУ, што е големо разочарување на неговите партнери од ЕУ во клучно време за Украина.

Самитот доаѓа откако украинската контраофанзива не успеа да постигне големи придобивки и додека администрацијата на Бајден досега не можеше да добие пакет помош од 60 милијарди долари за Киев преку Конгресот.

„Нема причина сега да се преговара за членство на Украина“, рече Орбан при пристигнувањето на самитот во Брисел одгвоварајки на новинарски прашања.

„Мора да се вратиме подоцна, повторно да се вратиме на тоа прашање кога Украинците ќе ги исполнат (предусловите) “, рече тој.