Унгарија не планира да ја напушти Европската унијаизјави е унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесе Ројтерс, но побара новите и старите, односно источните и западните членкуи на ЕУ да постигнат компромис.
Тој ја повика „другата страна “ (Западните членки на ЕУ) да се откаже од отворените напади врз владите на поранешните комунистички држави од Централна и Источна Европа.
„Ние не им испраќаме политички активисти, затоа тие треба да си одат дома од Централна Европа“, побара унгарскиот лидер.
Тие мора да ја напуштат тајната акција против владите во Централна Европа. Буџетот на ЕУ не треба да го користат финансиските тимови и медиумите, поддржани од либерали и имигранти кои служат за свои интереси. Ако сакаме да ја одржиме Европа обединета, мора да ги напуштиме овие практики, побара Орбан.
Орбан, кој е на власт скоро една деценија, честопати доаѓа во вербален судир со Брисел, на пример, околу прифаќањето мигранти согласно шемата за алокација и квотатте на ЕУ…
Таквиот став предизвика шпекулации дека Унгарија може во одреден момент да го следи примерот на Велика Британија и да ја напушти ЕУ.
„Ние сме членка на Унијата и ќе останеме членка“, рече унгарскиот премиер и лидер на владејачкатас партија ФИДЕС, која го реизбра 55-годишниот лидер за претседател.
„Ова е нашата земја, нашиот дом и нашите животи, и никој освен Унгарците не можат да одлучат за ова“, истакна тој, осврнувајќи се на критиките на некои држави членки на ЕУ за спроведување на законот во Унгарија.




