Орбан: Украина да објасни каде исчезнеле 70 милијарди евра

Унгарија не се согласува со плановите на Европската комисија да ѝ додели дополнителни финансиски средства на Украина и не е подготвена да обезбеди дополнителни пари за финансирање на зголемените трошоци за сервисирање на долгот на ЕУ, изјави премиерот Виктор Орбан, а пренесува „Гардијан“.



„Едно е јасно, ние Унгарците повеќе нема да и даваме пари на Украина додека таа не објасни каде исчезнале претходните 70 милијарди евра.

И сметаме дека е крајно смешно и апсурдно што треба дополнително да ги финансираме трошоците за враќање на кредит од кој се уште не сме ги добиле средствата кои ни следуваат“, рече Орбан.