Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, смета дека странци се виновни за ширење на коронавирусот во земјата.
На прашањето зошто Унгарија ги затвора универзитетите, но не и училиштата, Орбан рече дека причината е присуството на „многу странци“ на универзитетите. Според него, странците ја донеле болеста и таа се шири кај странците.
Унгарија се бори во „двострана војна“ против имиграцијата и коронавирусот, рече Орбан.
„Постои логична врска помеѓу нив, бидејќи се шират преку движење“, рече тој, пренесе БГНЕС.
Досега во Унгарија се регистрирани 19 лица со инфекција со коронавирус, од кои 9 Иранци, од кои повеќето учат во Унгарија како и еден британски државјанин.
Унгарското Министерство за внатрешни работи во петокот објави дека ќе протера двајца ирански студенти на кои им бил дијагностициран новиот вирус а напуштиле карантин без дозвола и без заштитна облека.
На почетокот на март, Унгарија ги затвори бегалските кампови со образложение дека барателите на азил можеби биле претходно во Иран. земја која е меѓу најзагрозените со коронавирус.





