Унгарија ќе стави вето на сите санкции на Европската унија против Русија кои се однесуваат на нуклеарната енергија, изјави премиерот Виктор Орбан, пренесе Ројтерс.



Украина ги повика 27-те земји-членки на ЕУ да ја вклучат руската државна компанија за нуклеарна енергија „Росатом“ во санкциите.

Унгарија, која има руска нуклеарна централа, планира да го блокира ова.

Унгарската нуклеарна централа има четири мали руски реактори VVER 440 со вкупен капацитет од околу 2.000 мегавати, кои почнаа да работат меѓу 1982 и 1987 година. Нуклеарното гориво го добива од Русија.

„Нема да дозволиме да се спроведе планот за вклучување на нуклеарната енергија во санкциите. Тоа не доаѓа предвид“, категоричен беше Орбан.