На Еевропската Унија ѝ е потребна нова стратегија за војната во Украина бидејќи санкциите против Москва не функционираат, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.



„Потребна е нова стратегија, чиј фокус треба да бидат мировните преговори и создавањето добар предлог за мировен договор, наместо да се добие војната“.

Орбан претходно изјави дека Унгарија не е подготвена да поддржи ембарго на ЕУ или ограничувања за увоз на руски гас, бидејќи тоа ќе ја поткопа нејзината економија, која е околу 85 отсто зависна од увозот на руски гас.

Орбан смета дека западната стратегија кон војната во Украина е изградена на четири столба: убедувањето дека Украина може да ја победи Русија со оружје на НАТО,

дека санкциите ќе ја ослабнат Русија и ќе го дестабилизираат нејзиното раководство,

дека санкциите ќе и наштетат на Русија повеќе од Европа и

дека остатокот од светот да ја поддржат европската позиција.

Орбан смета дека таквата стратегија пропаднала бидејќи владите во Европа паѓаат „како домино“, додека цените на енергијата драстично пораснале, што е доказ дека е потребна нова стратегија.

„Седиме во автомобил со дупнати четири гуми: апсолутно е јасно дека војната не може да се добие на овој начин“, им рече Орбан на своите поддржувачи. Индекс.хр