Орбан: Санкции за Русија „да“, оружје за Украина „не“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека нема да испраќа оружје во Украина бидејќи на Унгарија ѝ треба сето оружје што го има.



„Ставот на Унгарија нема да се промени, бидејќи на унгарските вооружени сили им треба целото оружје (то го имаат – н,з,) за да можат да ги бранат границите на земјата, така што, за разлика од Италија и Германија, нема да испраќаме оружје во Украина“, изјави Орбан во интервју за ТВ каналот М1.

Орбан нагласи дека неговата земја ќе ги поддржи санкциите договорени во ЕУ.

„ И во Брисел реков дека секогаш сме имале различен однос кон санкциите, но сега тоа не е важно. Војна е …и треба да се обединиме. Затоа ќе ги поддржиме санкциите за кои се договорија земјите од ЕУ. Сè спротивно се дезинформации“, вели унгарскиот премиер.