Унгарскиот премиер ќе поддржи нов пакет помош на ЕУ за Украина само ако Брисел ги исплати средствата наменети за Унгарија замрзнати од Европската комисија.



Унгарија блокираше 50 милијарди евра помош за Украина

Европската комисија „замрзна“ околу 30 милијарди евра поради загриженоста за владеењето на правото и корупцијата откако Унгарија донесе промени во врска со правосудството.

Премиерот Виктор Орбан изјави дека на следниот самит, кој ќе се одржи на почетокот на следната година, ќе побара од лидерите на ЕУ да ги одобрат сите унгарски средства, пред да го разгледуваат пакетот од 50 милијарди евра за Украина.

„Ова е одлична прилика за Унгарија јасно да даде до знаење дека мора да добие сè што ѝ должи ЕУ“, рече Орбан.