Орбан не сака мигранти: „Ќе ни ја украдат земјата“

Во Унгарија треба да се заострат правилата за азил и миграција за да се издржи зголемениот миграциски притисок, во спротивно постои опасност од – „губење на земјата“.



Ова денеска во интервју за државното радио го изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан рече дека сегашната регулатива може да се справи со „мигрантската криза“ по 2015 година, но дека мора да се зајакне во време кога се соочуваат со зголемен притисок.

Новиот закон за азил мора јасно да ги дефинира правните основи и кругот на луѓе на кои им е дозволено да останат во Унгарија, а законот мора строго да се спроведува, рече Орбан.

Тој додаде дека доколку не се јасно дефинирани законската основа и роковите за престој на странците во Унгарија, „тие ќе ни ја украдат државата“.

Орбан најави дека унгарскиот парламент ќе го усвои соодветниот закон до крајот на годината.