Орбан: Нашата победа може да се види од Месечината и – од Брисел

Националистичкиот премиер на Унгарија, Виктор Орбан, ја освои четвртата победа по ред на изборите во неделата, објави Ројтерс.



Гласачите ја поддржаа неговата амбиција за конзервативна, „нелиберална“ држава и ја отфрлија загриженоста за блиските врски на Будимпешта со Москва.

Се чини дека руската инвазија на Украина на 24 февруари го принуди досегашниот и иден премиер да маневрира за да ги објасни децениските пријатни деловни односи со претседателот Владимир Путин.

Орбан во кампањата успеа да го убеди електоратот дека неговата партија, „Фидес“, е подобра опција од шестпартискиот опозициски сојуз на Питер Марки-Зај, кој ветуваше подобрување на врските со Европската унија, што, според Орбан, би можело да ја вовлече Унгарија во војна.

Опкружен со водечки партиски членови, 58-годишниот триумфален Орбан рече дека победата во неделата дојде и покрај малите шанси.

„Постигнавме толку голема победа што може да се види дури и од Месечината, а секако и од Брисел“, рече Орбан.“, рече тој. „Ги одбранивме суверенитетот и слободата на Унгарија“, додаде Орбан.

Прелиминарните резултати со околу 98% од преброените гласови од националните партиски листи покажуваат дека партијата на Орбан, Фидес, води со 53,1% од гласовите наспроти 35% за опозициската алијанса на Марки-Зај.