Папата Франциско во интервју за италијанскиот „Кориере дела сера“ изјави дека унгарскиот премиер Виктор Орбан му открил кога Владимир Путин планирал да стави крај на војната во Украина.
„Кога се сретнавме, Орбан ми рече дека Русите имаат план и дека се ќе биде готово на 9 мај. Тоа би ја објаснило и брзината со која се ескалира деновиве. Затоа што веќе не е само Донбас, туку и Крим и Одеса“, односно окупација на украинските пристаништа на Црното Море“, рече папата.
Во интервјуто, Папата повтори дека е подготвен да отпатува во Москва за да се сретне со Владимир Путин. „Се уште не добивме одговор и продолжуваме да инсистираме, иако се плашам дека Путин не може и не сака да ја одржи таа средба во овој момент“, рече папата Франциско.(Б92)







