Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, издаде декрет со кој од утре се забранува влез на странци во земјата.
Исклучок се владини службеници кои организираат службени настани, приматели на медицински услуги, странски студенти со потврда дека се редовни студенти во Унгарија, возачи на камиони на пат кон дома, гости на семејни собири како свадби и учесници во спортски, културни или религиозни настани.
Секој на кој му е дозволено да влезе во Унгарија мора да оди во двонеделен карантин и да се тестира двапапати за Ковид-19. Двонеделен карантин е задолжителен и за Унгарците кои се враќаат во земјата.
Во Унгарија, во последните 24 часа биле потврдени 178 нови случаи на коронавирус.
Во моментов има 1.763 активни случаи.
Од Унгарија од почетокот на епидемијата се заразиле вкупно 6.139 лица, додека 615 починале.





